спорт

Клоп: „Не бевме многу брилијантни против Наполи“

„Не бевме многу брилијантни, но сепак успеавме да извршиме притисок врз Наполи“

Bedrudin Brlyavac  | 28.11.2019 - Обновена : 29.11.2019
Клоп: „Не бевме многу брилијантни против Наполи“

ЛИВЕРПУЛ (АА) - Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по ремито со Наполи изјави дека тактичките приспособувања на Карло Анчелоти му ја отежнале работата на неговиот тим, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„Не бевме многу брилијантни, но сепак успеавме да извршиме притисок врз Наполи“, рече Клоп пред новинарите.

Тој истакна дека во екипата на Наполи по ремито чувствуваат како веќе да избориле пласман.

„Можеби така и ќе биде, но во последниот меч во групата играат со Генк“, додаде германскиот стручњак, напоменувајќи дека Наполи сепак одиграл одличен натпревар на „Енфилд“.

„Не бев баш задоволен со нашата игра во последните 15 минути од првото полувреме. Вториот дел од играта беше многу интензивен и секако не толку лесен. Навистина добро го бранеа својот гол“, рече Клоп.

Нагласи дека секако очекува добра игра во последното коло против Салцбург.

„Ќе се обидеме да победиме таму. Тоа е нашата цел“, рече Клоп.

По 5. коло, лидер во групата „Е“ е Ливерпул со 10 бода, Наполи има 9, Салцбург 7, а Генк има само еден освоен бод.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın