Hüseyin Burak Demirer
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
АНКАРА (АА) - Леброн Џејмс, НБА ѕвездата во редовите на Кливленд Кавалирс со својот перформанс од 31 поен, 12 скока и 11 асистенции, даде голем удел во победата над Бруклин Нетс од 129:123, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа шест натпревари од НБА лигата. Кливленд Кавалирс на домашен терен ја совлада екипата на Бруклин Нетс. Леброн Џејмс, НБА ѕвездата во редовите на Кливленд Кавалирс, со постигнати 31 поен, 12 скока и 11 асистенции, дојде до својот 12. трипл-дабл оваа сезона, 67. во кариерата.
Во победата на Кавалирс свој удел дадоа и Џорџ Хил со 26 поени, 5 асистенции и 3 украдени топки, Кајл Корвер со 18 поени и Лери Ненси со дабл-дабл од 10 поени и 10 скока. Турскиот репрезентативец кој потекнува од Македонија, Џеди Осман, беше во петорката која го започна натпреварот. Одигра 17 минути и постигна 7 поени, 3 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Нетс, најефикасни беа Д’Андџело Расел со 25 поени, 6 асистенции и 5 скока, Керис Леверт со 18 поени, Демаре Кeрол со 16 поени, 6 скока и Спенсер Динвиди со дабл-дабл од 11 поени и 11 асистенции.
Погодокот што Двејн Вејд го постигна на 5,9 секунди пред крајот на натпреварот, ѝ донесе победа на Мајами хит над Филаделфија Севентисиксерс од 102:101.
Вејд, ол-стар ѕвездата на Мајами хит постигна 15 од 17 поени на Мајами хит во последната четвртина, и со 27 погодоци го заврши натпреварот. Горан Драгиќ со 21 поен, 6 скока и 5 асистенции и Хасан Вајтсајд со 15 поени, 11 скока, 3 украдени топки и 3 блокади, одиграа важна улога во победата на Мајами Хит.
Во редовите на Севентисиксерси, Џоел Ембид постогна 23 поени и 8 скока, а Дарио Шариќ имаше 21 поен, 7 скока, не тоа не беше доволно за победа над Мајами Хит.
НБА лигата продолжува со 9 натпревари.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Чикаго Булс 118:103
Кливленд Кавалирс - Бруклин Нетс 129:123
Мајами Хит - Филаделфија Севентисиксерс 102:101
Милвоки Бакс - Њашингтон Визардс 104:107
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс 116:99
Денвер Нагетс - Лос Анџелес Клиперс 120:122