Abdulkadir Karakaya
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
АНКАРА
Избрани се играчите на најдобрата прва, втора и трета петорка во американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го даде НБА се наведува дека ѕвездите Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс и Јанис Антетокунпо од Милвоки Бакс се избрани во најдобрата петорка со освоени максимални 500 поени.
Леброн Џејмс кој по 16. пат се најде во најдобрата петорка на НБА, стана рекордер во оваа категорија, надминувајќи ги Карим Абдул-Џабар, Тим Данкан и Коби Брајант.
Џејмс Харден од Хјустон Рокетс со 474 поени, Ентони Дејвис од Лос Анџелес Лејкерс со 455 поени и Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 416 поени се преостанатите играчи кои се најдоа во најдобрата петорка на НБА.
Најдобрата петорка на НБА за оваа година ја сочинуваат: Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Јанис Антетокунпо (Милвоки Бакс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс), Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс) и Лука Дончиќ (Далас Маверикс).
Најдобрата втора петорка во НБА ја сочинуваат: Кавај Леонард (Лос Анџелес Клиперс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Дејмијан Лилард (Портланд Блејзерс), Крис Пол (Оклахома Сити Тандер), Паскал Сиакам (Торонто Репторс)
Третата петорка на НБА ја сочинуваат: Џејсон Татум (Бостон Селтикс), Џими Батлер (Мајами Хит), Руди Гобер (Јута Џез), Бен Симонс (Филаделфија Севентисиксерс), Расел Вестбрук (Хјустон Рокетс).