Oktaj Omeragikj
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Денеска продолжува Европското првенство во фудбал ЕВРО 2020 со 4 натпревари во групите Е и Ф, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Група Е
Во последните натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 во групата Е се среќаваат Шведска - Полска и Словачка - Шпанија. И двата натпревари се играат во ист термин, со почеток во 18:00 часот.
Репрезентацијата на Шведска е лидер во групата со 4 бода и евентуална победа ќе ѝ обезбеди директен пласман во наредната фаза на ЕВРО 2020. Полската репрезентација има 1 бод и се наоѓа на последното место во групата. Евентуална победа на Полска би ѝ донела 4 бода и евентуален пласман во наредната фаза како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации на првенството. Шведска и Полска досега имаат одиграно 26 меѓусебни средби. Шведска победила на 14 средби, 4 натпревари завршиле без победник, а Полска славела на 8 натпревари. Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Санкт Петербург“ во истоимениот град во Русија.
Во вториот натпревар од групата се среќаваат Словачка и Шпанија. Словачка е второпласирана со 3 бода, а Шпанија е третопласирана со 2 бода. Победата на која било репрезентација ѝ обезбедува пласман во наредната фаза од првенството.
Репрезентацијата на Словачка досега против Шпанија има одиграно 6 натпревари. Словачка има извојувано една победа, еден натпревар заврши без победник, а репрезентацијата на Шпанија победи на 4 средби. Натпреварот се игра на Стадионот „Де ла Картуха“ во Севиља.
- Група Ф
Во групата Ф денес со почеток во 21:00 часот се играат средбите Германија - Унгарија и Португалија - Франција. Франција е лидер на табелата со 4 бода, а репрезентацијата на Португалија е на третото место со 3 бода, колку што има и второпласираната Германија. Репрезентацијата на Унгарија е на последното место со 1 бод.
Германија досега со репрезентацијата на Унгарија има одиграно 33 натпревари. Германија извојувала 13 победи, 10 средби завршиле нерешено, а Унгарија славела на 10 натпревари. Германија со победа обезбедува директен пласман во осминафиналето на ЕВРО 2020, а евентуалната победа на Унгарија ѝ дава шанси со 4 бода да обезбеди пласман во наредното коло, во зависност од исходот на вториот натпревар во групата. Натпреварот се игра на Стадионот „Алијанц арена“ во Минхен, Германија.
Вториот натпревар во групата Ф се игра меѓу Португалија и Франција. Овие две репрезентации досега се имаат сретнато 27 пати. Репрезентацијата на Португалија извојувала 6 победи, две средби завршиле без победник, а Франција славела на 19 натпревари. Натпреварот се игра на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, Унгарија.
- Вчера се одиграа 2 средби во групата Д
Во групата Д вчера се одиграа натпреварите Чешка - Англија и Хрватска - Шкотска.
Англија ја совлада Чешка со 1:0. Единствениот погодок за Англија го постигнаа Рахим Стерлинг во 12. минута од средбата. Натпреварот се одигра на Стадионот „Вембли“ во Лондон.
Во вториот натпревар одигран синоќа се сретна репрезентациите на Хрватска и Шкотска. Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Шкотска со резултат 3:1. Головите за Хрватска ги постигнаа Никола Влашиќ во 17. минута, Лука Модриќ во 62. и Иван Перишиќ во 77. минута од натпреварот. Единствениот погодок за Шкотска го постигна Калум Мекгрегор во 42. минута. Натпреварот се играше на Стадионот „Хампден парк“ во Глазгов, Шкотска.
Со победата во овие натпревари, во групата Д репрезентациите на Англија и Хрватска обезбедија директен пласман во наредната фаза од ЕВРО 2020. На репрезентацијата на Чешка најверојатно ќе обезбеди пласман во наредната фаза на ЕВРО 2020 како една од четирите третопласирани репрезентации, бидејќи Чешка и Швајцарија се единствените третопласирани репрезентации што имаат освоено 4 бода во досегашните натпревари по групи.
По одигрувањето на денешните средби ќе бидат познати сите учесници во наредната фаза на ЕВРО 2020, освојувачите на првото и второто место во 6-те групи и четирите најдобро третопласирани репрезентации. Досега директен пласман обезбедија Италија, Велс, Белгија, Данска, Холандија, Австрија, Англија и Хрватска.
Група Д
| Репрезентација | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Гол-разлика | Бодови |
| Англија | 3 | 2 | 1 | 0 | 2 | 7 |
| Данска | 3 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 |
| Чешка | 3 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 |
| Шкотска | 3 | 0 | 1 | 2 | -4 | 1 |
Група Е
| Репрезентација | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Гол-разлика | Бодови |
| Шведска | 2 | 1 | 1 | 0 | 1 | 4 |
| Словачка | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | 3 |
| Шпанија | 2 | 0 | 2 | 0 | 0 | 2 |
| Полска | 2 | 0 | 1 | 1 | -1 | 1 |
Група Ф
| Репрезентација | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Гол-разлика | Бодови |
| Франција | 2 | 1 | 1 | 0 | 1 | 4 |
| Германија | 2 | 1 | 0 | 1 | 1 | 3 |
| Португалија | 2 | 1 | 0 | 1 | 1 | 3 |
| Унгарија | 2 | 0 | 1 | 1 | -3 | 1 |