Mutlu Demirtaştan
06 Јуни 2019•Ажурирај: 09 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Искусниот кошаркар Винс Картер, кој последен пат го носеше дресот на Атланта Хоукс во Американската кошаркарска лига (НБА), соопшти дека наредната сезона ќе стави крај на својата кошаркарска кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Чувствувам дека можам да играм уште една сезона. Наредната сезона ќе биде крај за мене“, истакна Картер во изјава за американските медиуми.
Винс Картер за првпат во кариерата го носеше дресот на Торонто Рапторс во 1998 година.
По Торонто Рапторс, тој ги носеше дресовите на повеќе кошаркарски клубови, како Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверик, Мемфис Гризлис и Сакраменто Кингс.
Последната станица во кариерата на 42-годишниот кошаркар беше Атланта Хоукс.
Тој, оваа сезона со дресот на Атланта Хоукс постигна просек од 7,4 поени, 2,6 скока и 1,1 асистенција, по што заврши неговиот договор со овој клуб.
Наредната сезона ќе биде 22. сезона во НБА на Картер, со што во историјата на оваа лига ќе влезе со титулата кошаркар кој најдолго време играл во лигата.
Картер зад себе ќе ги остави Дирк Новитцки, Роберт Париш, Кевин Гарнет и Кевин Вилис, кои во НБА играле 21 сезона.