05 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
ЊУЈОРК (АА) - Кетрин Мајорга, која го обвини Кристијано Роналдо за силување во 2009 година, одлучи да ги повлече наводите изречени во септември минатата година, објавија американските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на „Блумберг“ објавен денес, Мајорга одлучила да ја повлече тужбата, но нејзините адвокати не потврдија дали е постигнат договор помеѓу двете страни. Мајорга поднесе тужба во која се наведува дека португалскиот фудбалер ја силувал во апартман, во хотел во Лас Вегас, во 2009 година.
Подоцна, тужбата го спречи Јувентус, моментално клубот на Роналдо, да учествува на Меѓународниот куп на шампиони поради можноста властите на Соединетите Американски Држави (САД) да го задржат фудбалерот во рамките на истрагата за силувањето.