Elvir Hociç
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (AA) – Вечерва во бразилскиот град Рио де Женеиро ќе бидат затворени 31 Олимписки игри на кои од 5 август до денес највеќе олимписки медали, очекувано, освои тимот на САД, а конечен список на добитници на медали ќе биде познат по преостанатите натпреварувања кои се денес на распоред, јавува Anadolu Agency (AA).
На листата на добитници на олимписките одликувања 15 ден од Олимпијадата САД се уверливо први со 116 медали и тоа 43 златни, 37 сребрени и 36 бронзени.
Тимот на Велика Британија е втор за освоените 66 медали и тоа 27 златни, 22 сребрени и 17 бронзени. Трета е Кина која има 70 медали и тоа 26 златни, 18 сребрени и 26 бронзени. Британците се на листата пред Кинезите бидејќи имаат повеќе злато.
Со суспензијата на големиот број спортисти поради допинг аферата десеткованата Русија на Олимпијадата во Рио освои 53 медали и тоа по 17 златни и сребрени и 19 бронзени.
Добро е да се истакне и забележаниот настап на тимот на Хрватска, кој на листата на освојувачи на медали се наоѓа на 17 место со освоени десет одликувања и тоа пет златни, три сребра и две бронзи.
Србија е 30-та со седум медали, и тоа две златни, три сребрени и две бронзени. Во српскиот табор очекуваат уште некои медали на натпреварувањата кои се на распоредот на последниот ден од игрите, но остнува жал поради раната елиминација на првиот рекет на светот Новак Џоковиќ, кој не успеа во обидот да го освои и олимпискиот турнир кој му недостасува во богатата ризница.
Турција е на 41 место со едно злато, три сребра и четири бронзи, додека олимпискиот тим на БиХ со 11 натпреварувачи и овој пат остана без олимписки медали.
Околу 11.000 спортисти од 2016 земји од светот се натпреваруваа на Олимпијадата во Рио, а меѓу нив дебитантските тимови од Косово, Јужен Суда, како и Олимпискиот тим на бегалците.
Две имиња кои ги одбележаа Олимписките игри во Бразил се најбрзиот пливач на светот Мајкл Фелпс од САД и најбрзиот спринтер во светот Усаин Болт од Јамајка.
Церемонијата на затворањето на 31 Олимпијада во Рио ќе се одржи доцна вечерва на стадионот Маракана, а олимпискиот факел ќе го преземе Јапонија која 2020 година ќе биде домаќин на 32 Олимписки игри.