Canberk Yüksel
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Со спектакуларна церемонија на стадионот Маракана синоќа беа затворени 31. Олимписки игри, кои за прв пат во историјата се одржаа на територијата на Јужна Америка, а публиката во последните две недели уживаше во спортските натпревари, јавува Anadolu Agency (AA).
Фантастичната церемонија на стадионот Маракана не можеше да ја расипе ниту поројниот дожд, а домаќините ги оправдаа очекувањата и уште еднаш ја потврдија силата на олимпискиот дух што ја штити идејата за мирот, но, исто така, ја искористија можноста да ја покажат магијата на бразилската традиција.
Над 11.000 спортисти како херои на Олимпијадата во кабаници парадираа на стадионот од чии трибини со овации ги поздравија десетици илјади гледачи.
Челникот на Организацискиот одбор на Олимпијадата во Рио, Карлос Артур Гузман, рече дека игрите се „победа на спортот”, a дека навивачите во Бразил го освоиле златниот олимписки медал.
„Ова беа величенствени Олимписки игри во величенствениот град Рио де Жанеиро”, рече претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (IOK), Томас Бах.
Градоначалникот на Рио, Едуардо Паес, синоќа на стадионот Маракана олимпиското знаме му го предаде на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Бах, а тој го предаде на челникот на новоформираните власти на главниот град на Јапонија, Токио, Јурику Коике, како домаќин на следните Олимписки игри, кои ќе се одржат во 2020 година, во Токио.
Потоа следеше спектакуларно гаснење на олимпискиот оган пропратено со песната “Nothing Will Remain The Way As It Is Now“ во изведба на популарната пејачка Мариен де Кастро.
Следеше огномет, кој ги дигна на нозе присутните на стадионот Маракана.
Откако поради здравствени проблеми не можеше да присуствува на свеченото отворање на Олимписките игри, на 5 август, славниот бразилски фудбалски ас поради истите причина ниту синоќа не се појави на затворањето на Олимписките игри.
На церемонијата не присуствуваше ниту спринтерот од Јамајка, Усаин Болт, кој веќе отпатува во Јамајка за да го прослави својот 30-ти роденден.