Can Erözden
05 Јануари 2024•Ажурирај: 08 Јануари 2024
ПАРИЗ (АА) - Алжирскиот фудбалер Јусеф Атал е осуден во Франција на условна казна од осум месеци затвор поради објава на социјалните мрежи во знак на поддршка на жителите од Појасот Газа, објави францускиот весник „Нис-Матин“, пренесува Анадолу.
Атал (27), десен бек на француска Ница, е осуден на осум месеци условна затворска казна и парична казна од 45.000 евра од Кривичниот суд за „предизвикување омраза на верска основа“.
Освојувачот на Африканскиот куп на нации во 2019 година сподели видео на Инстаграм во октомври во кое палестински проповедник му се моли на Бога да настапат „црни денови за Евреите“ поради израелската војна во Газа.
Обвинителот во Ница на 16 октомври отвори истрага за овој случај.
Потоа Атал упати извинување, но неговиот клуб од француската Лига 1 го суспендира поради објавата на социјалните мрежи, а француската лига, исто така, му забрани настап на седум натпревари.
Атал во Ница дојде во 2018 година од белгиски Кортријк и постигна 12 гола на 115 настапи за сегашниот клуб.
За репрезентацијата на Алжир забележа 29 настапи.