Süha Gür
30 Декември 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската фудбалска федерација и фудбалските клубови Галатасарај и Фенербахче соопштија дека со заедничка одлука натпреварот од Турксел Суперкупот на Туркије што требаше да се одигра синоќа на стадионот Ал- Авал во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, е одложен за друг датум поради одредени организациски проблеми, известува Анадолу.
Во заедничкото соопштение се вели:
„Со цел да ја прославиме 100-годишнината од формирањето на нашата Република и на Турската фудбалска федерација во странство, беше планирано натпреварот од финалето на Суперкупот на Туркије за 2023 година, организиран заедно со нашите клубови на начин што ќе придонесе за зголемување на вредноста на турскиот фудбал и на нашите клубови, да се одигра на 29 декември (петок), во 20.45 часот. Заедно со нашите клубови донесовме одлуката натпреварот да биде одложен за некој друг датум поради одредени проблеми во организацијата на натпреварот.
Им се заблагодариме на Фудбалската федерација и на релевантните институции и организации на земјата домаќин за вложените напори во организирањето на Суперкупот.“