II Европски и балкански спортски игри на училиштата „Маариф“ се одржаа во Тетово
- Ученици од училиштата „Маариф“ од Австрија, Белгија, Франција, Романија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија учествуваа на спортските игри организирани во кампусот на Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.

СКОПЈЕ (АА) - Училиштата „Маариф“ ги организираа II Европски и балкански спортски игри во Тетово, известува Анадолу.
Ученици од училиштата „Маариф“ од Австрија, Белгија, Франција, Романија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Северна Македонија учествуваа на спортските игри организирани во кампусот на Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово.
Турнирот го отвори Али Чичек, член на Одборот на турската фондација „Маариф“.
Публиката имаше можност да ужива во возбудливите спортски натпревари во футсал, пинг-понг и стрелаштво.
Спортските игри организирани со цел зајакнување на пријателските и братски врски меѓу училиштата „Маариф“, на учениците им дадоа можност одблизу да се запознаат, како и спортски и културни искуства.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.