политика

Мицкоски во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Орбан

„Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер“

Elena Trenchevska Chekovich  | 30.05.2025 - Обновена : 31.05.2025
Мицкоски во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер Орбан Фото: Профилот на премиерот Мицкоски на платформата X

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во Будимпешта оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Анадолу.

Како што објави Мицкоски на неговиот профил на социјалните мрежи, разговорот бил фокусиран на „одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија“, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.

„Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер“, истакна Мицкоски.

Додаде дека во разговорот нагласил дека земјата останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот.

„Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика“, посочи премиерот Мицкоски.

Тој престојува во Унгарија за конференцијата СРАС (The Conservative Political Action Conference), која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.