Bojana Stojanovic
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ХОРГОШ (АА) - На граничниот премин меѓу Србија и Унгарија, Хоргош, во моментов се наоѓаат 545 мигранти, главно, деца и жени кои главно доаѓаат од Авганистан, јавува Anadolu Agency (АА).
На полјаната кај Хоргош, во близина на ѕидот што ги одвојува од територијата на Унгарија, децата си играат, родителите користат ден да ја исперат облеката, а ноќта ја поминуваат во шатори.
Од 5 јули, кога Унгарија ја зајакна контролата на границата, според Центарот за помош на мигранти, од 100-200 во еден ден влегуваат на територијата на Србија, само 10-15 ја напуштаат.
Како што за Anadoly Agency велат од УНХЦР, на Хоргош од минатата ноќ има 545 луѓе.
Малолетникот Фејас (16) и неговото семејство на овој граничен премин се 13 дена и вели дека ќе чека додека Унгарија не одлучи да ги пушти.
Ленодем (25), кој е исто така од Авганистан, овде престојува 12 дена и се надева дека ќе биде во можност да оди во Германија и да добие дозвола за работа.
„Дојдов тука сам, ако е можно ќе одам во Германија за да добијам дозвола за работа. Секој ден од разни организации добиваме храна, но само во лименки, ништо топло", вели Ленодем.
Во моментов функционираат само две транзитни зони на границата меѓу Србија и Унгарија, долги 175 километри - кај местото Реске и Томпа. Од стапувањето на новиот закон, од унгарската ограда се вратени вкупно 664 лица.
Српскиот премиер Александар Вучиќ вчера изјави дека на територијата на земјата се регистрирани 2.699 лица, од кои повеќе од 85 отсто од Авганистан и Пакистан, а само мал број на Сирија.