спорт

57-те поени на Харден недоволни за Рокетс

Џејмс Харден, кој постигна 57 поени, 8 асистенции и 7 скока на гостинскиот терен на Мемфис Гризлис, беа недоволни Рокетс да го избегне поразот во продолженијата од 126:125

Hüseyin Burak Demirer  | 21.03.2019 - Обновена : 22.03.2019
57-те поени на Харден недоволни за Рокетс

АНКАРА (АА) - Во натпревар на американската Национална кошаркарска лига НБА, тимот на Мемфис Гризлис го порази Хјустон Рокетс во продолжението со резултат 126:125, иако ѕвездата на Рокетс, Џејмс Харден, постигна 57 поени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Тимот на Мемфис Гризлис кој нема шанси да се пласира во плеј-оф натпреварите во Западната конференција, на домашен терен во продолжението од играта го совлада Хјустон Рокетс, кој се бори за врвот во оваа конференција, со резултат 126:125.

Најдобра игра во редовите на Гризлис покажаа Мајк Конли со 35 поени, 8 асистенции, 5 скока и Јонас Валанчунас со дабл-дабл учинок од 33 поени и 15 скока.

Sвездата на Рокетс, Харден, на оваа средба постигна 57 поени, 8 асистенции и 7 скока, со што по 7. пат сезонава постигна повеќе од 50 поени на еден натпревар, но не успеа да го спречи поразот на својот тим.

- Охриѓанецот Џеди постигна 8 поени -

Охриѓанецот Џеди Осман, кој ги брани боите на Кливленд Кавалирс, постигна 8 поени на средбата во која Кавалирси славеа победа од 107:102 над Милвоки Бакс, екипата која во НБА има најдобар просек од 73,5% во однос на победите и поразите (53 - 19).

Во редовите на домаќинот, Колинс Секстон на средбата постигна 25 поени, Џордан Кларксон 23, додека Џеди, 8 поени.

Најдобар перформанс во редовите на Бакс, кој на овој натпревар настапи без ол-стар ѕвездата Јанис Адетокунбо, покажаа Крис Мидлтон со дабл-дабл од 26 поени, 12 скока и Ерик Бледсо со 24 поени, 8 скока, 8 асистенции.

- Резултати

Кливленд Кавалирс - Милвоки Бакс 107:102

Орландо Меџик - Њу Орлеанс Пеликанс 119:96

Филаделфија Севентисиксерс - Бостон Селтикс 118:115

Њујорк Никс - Јута Џез 116:137

Чикаго Булс - Вашингтон Визардс 126:120 (продолжение)

Мемфис Гризлис - Хјустон Рокетс 126:125 (продолжение)

Сан Антонио Спарс - Мајами Хит 105:110

Оклахома Сити Тандер - Торонто Репторс 114:123 (продолжение)

Портланд Треил Блејзерс - Далас Маверикс 126:118

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.