Emre Doğan
21 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
ИСТАНБУЛ
По одигрувањето на натпреварите од 27. коло на ТХЈ Евролигата, најпрестижното клупско кошаркарско натпреварување во Европа, Анадолу Ефес и шпанскиот претставник Барселона Ласа го загарантираа плеј-офот, јавува Anadolu Agency (AA).
Анадолу Ефес и покрај тоа што на домашен терен загуби од екипата на ЦСКА од Русија со резултат од 80-78, по резултатите од другите натпревари, 3 кола пред крајот на регуларната сезона обезбеди пласман во плеј-офот. Сино-белата екипа се наоѓа на четвртото место на табелата. Анадолу Ефес и во сезоната 2016/2017 настапуваше во плеј-офот.
Фенербахче Беко, кој претходно го гарантираше учеството во плеј-офот, со победата над црногорската екипа Будуќност Воли на домашен терен, со резултат од 76:67 ја освои 23. победа. На тој начин обезбеди значителна предност регуларната сезона да ја заврши на врвот.
Дарушафака Текфен, на домашен терен ја совлада екипата на Химки од Русија, со резултат од 91:85, освојувајќи ја четвртата победа во сезоната. По одиграните натпревари од 27. коло се наоѓаат на последното 16. место на табелата.
Во натпреварот во кој се соочија две шпански екипи, Барселона ја победи екипата на Хербалајф Гран Канариа, со резултат од 93:64. Барселона Ласа ја обезбеди 16. победа и со 3 натпревари пред крајот обезбеди пласман во плеј-офот.
- Резултати
Анадолу Ефес - ЦСКА Москва 78:80
Фенербахче Беко - Будуќност Воли 76:67
Олимпијакос - Баерн Минхен 89:69
Барселона Ласа - Хербалајф Гран Канариа 93:64
Дарушафака Текфен - Химки 91:85
Панатинаикос - Баскија 72:70
Макаби ФОКС - Жалгирис 83:85
Реал Мадрид - Олимпија Милано 92:89