спорт

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија титулата првак на Европа

- Анадолу Ефес ја доби третата четвртина со резултат 11:8, а во последната четвртина, по голема неизвесност, славеше со резултат 18:15, со што турската екипа на крајот победи со резултат 58:57 и ја освои титулата првак на Европа за сезоната 2021/2022

Bedrudin Brljavac  | 22.05.2022 - Обновена : 23.05.2022
Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија титулата првак на Европа Фото: Филип Стевановиќ / АА

БЕЛГРАД (АА) - Кошаркарите на турската екипа Анадолу Ефес синоќа во финалето на Фајнл фор на Туркиш ерлајнс Евролигата, што се играше во Белград, главниот град на Србија, го победија шпанскиот претставник Реал Мадрид со резултат 58:57 и ја освоија титулата првак на Европа, известува Агенција Анадолија (АА).

Шпанскиот тим ги доби првата и втората четвртина од натпреварот со резултат 15:14 и 19:15 и замина на полувреме со предност 34:29.

Анадолу Ефес ја доби третата четвртина со резултат 11:8, а во последната четвртина, по голема неизвесност, славеше со резултат 18:15, со што турската екипа на крајот победи со резултат 58:57 и ја освои титулата првак на Европа за сезоната 2021/2022.

Најефикасен во редовите на Анадолу Ефес беше Василије Мичиќ со 23 поени, а во екипата на Реал Мадрид тоа беше Валтер Таварес кој постигна 14 поени.

Анадолу Ефес по вторпат едноподруго ја освои титулата првак на Европа.

Кошаркарите на Барселона во меч што се одигра пред финалето го совладаа грчкиот претставник Олимпијакос со резултат 84:74 и го освоија третото место на Фајнл фор на Туркиш ерлајнс Евролигата.

Во првото полуфинале што се одигра во четвртокот Анадолу Ефес го совлада Олимпијакос со резултат 77:74. Во второто полуфинале, во кое подоцна се состанаа шпанските тимови Реал Мадрид и Барселона, Реал славеше со 86:83.

Завршниот турнир, што требаше да се одржи во Берлин, главниот град на Германија, префрлен е во Белград поради ригорозните правила предизвикани од пандемијата на Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.