спорт

Ди Марија по 7 сезони го напушта ПСЖ

Договорот на Аргентинецот му истекува, а францускиот шампион го најави неговото заминување доцна синоќа.

Associated Press  | 21.05.2022 - Обновена : 24.05.2022
Ди Марија по 7 сезони го напушта ПСЖ

ПАРИЗ (АА) - Анхел ди Марија го напушта Париз Сен Жермен по 7 сезони минати во клубот, известува Агенција Анадолија (АА).

Договорот на Аргентинецот му истекува, а францускиот шампион го најави неговото заминување доцна синоќа.

„Анхел ди Марија остави траен белег во историјата на клубот. Тој ќе остане во сеќавањето на навивачите како играч со беспрекорен став, кој ги бранеше боите со беспрекорна посветеност“, рече претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи.

Во својот 295. и последен натпревар за ПСЖ, Ди Марија ќе настојува да го постигне својот 91. гол и клупски рекорд од 111 асистенции.

Финалето на сезоната почнува без потврда за иднината на Килијан Мбапе, ѕвездата на ПСЖ кому исто така му истекува договорот.

Триесет и четиригодишниот Ди Марија оваа сезона одигра 30 средби во сите натпреварувања и постигна четири гола и оствари осум асистенции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın