Levent Tok,Ömer Koparan,Adham Kako
02 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АЗЕЗ (AA) - ЛЕВЕНТ ТОК / ОМЕР КОПАРАН -
Терористичката организација ЈПГ/ПКК на припадниците на терористичката организација ДЕАШ кои се предадоа во Сирија, како и на нивните семејства им вети дека ќе им овозможи да излезат надвор од подрачјата под окупација на ЈПГ/ПКК, а овој чекор им го отвори патот на терористите повторно да се инфилтрираат во териториите на Турција, пишува Anadolu Agency (AA).
ЈПГ/ПКК и САД на 15 февруари постигнаа договор со последната група на припадниците на ДЕАШ кои биле заглавени во подрачјето на Багоз во градот Деир ез-Зор, на границата меѓу Сирија и Ирак, а потоа продолжува процесот на предавање на припадниците на ДЕАШ и евакуирање на нивните семејства.
АА ја откри содржината на договорот постигнат меѓу двете терористички организации.
Според договорот, ЈПГ/ПКК ќе им дозволи на припадниците на ДЕАШ и на нивните семејства да престојуваат во камповите на оваа терористичка организација, доколку тие сакаат да престојуваат таму.
Оваа организација на оние кои не сакаат да останат во кампови им вети дека ќе им овозможи на илегален начин да одат во регионите ослободени во рамки на операцијата „Штитот на Еуфрат", Африн и регионите под контрола на Башар Асадовиот режим.
Последниот договор на ЈПГ/ПКК потсети на нивниот план во октомври 2017 година за пренесување на припадниците на ДЕАШ од Рака која ја имаше под своја окупација, во териториите на Турција.
Терористичката организација за која станува збор постигна договор со терористите на ДЕАШ во центарот на Рака, и ги евакуираше од ова подрачје, од кои значаен дел од нив се насочија кон граничната линија со цел да се инфилтрираат во Турција.
Терористите со помош на шверцери се инфилтрираа во Турција, а тоа беше актуелизирано во меѓународните медиуми.
ЈПГ/ПКК на оние кои сакаат да го напуштат кампот ќе им издаде „спцеијален документ за патување“. На овој начин, припадниците на ДЕАШ и нивните семејства ќе можат да патуваат и да се сместуваат во подрачјата под окупација на ЈПГ/ПКК.
Според договорот постигнат меѓу двете терористички организации за состојбата на повредените припадници на ДЕАШ, овие лица ќе се лекуваат во болниците под окупација на ЈПГ/ПКК и најкасно за 2 месеци ќе бидат отпуштени од болница.
ЈПГ/ПКК извесно време од ДЕАШ го бараше златото кое го заплени ДЕАШ кога го окупираше градот Мосул во Ирак.
Окупираните зони во териториите на Сирија од страна на ДЕАШ која го изгуби и последното подрачје во источниот дел од реката Еуфрат, изнесуваат околу два отсто. Оваа организација има присуство само во пустински подрачја под окупација на режимот.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК окупира 28 отсто од териториите на Сирија.
Силите на режимот владеат со околу 60 отсто на териториите во земјата, додека 10 отсто од овие територии се под контрола на воената опозиција и антирежимските вооружени групи.