Emel Öz Gözellik
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јалина од 6 степени според Рихтер се случи на отворени води кај југоисточниот дел на Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени бил на 191 километар југоисточно од Немуро, на длабочина од 10 километри.
По земјотресот не е даден аларм за цунами.
Сеуште не се дадени информации околу можни жртви или штети.