Safiye Karabacak
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Јеменската војска објави дека во судирите во јужниот град Дали загинал командантот на бунтовничкото шиитско движење на Хусите, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Командантот по име Мухамед Али ез Зераги и неговата придружба се убиени во судирите во местото Катабе, во близина на градот Дали, објави порталот „September Net“, близок до јеменската војска.
Се наведува дека јеменските сили за безбедност нападнале група на милицијата на Хусите во регионот Ал Хаша, и дека има загинати и ранети.
Од движењето на Хусоте сè не се огласи никој.
Поголем дел од покраината Ад Дали е под контролира на владините сили, додека припадниците на движењето на Хусите контролираат одредени региони во покраината.
Јемен е средиште на судири и насилства од 2014 година, кога проиранското бунтовничко движење на Хусите ја презеде контролата врз поголемиот дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа воздушни напади против Хусите во Јемен, поддржувајќи ја просаудиската власт.