Muhammet Kurşun
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 14.188, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 209 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи е зголемена на 14.188.
Во земјата откриени се уште 2.182 случаи на овој вирус. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 273.656.
Од вкупнот број случаи, 3.556 се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата досега излекувани се 237.788 лица.
Од почетокот на пандемијата во Иран направени се 2.148.999 тестирања за Ковид-19.