Ekipa
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ЕРБИЛ (АА) - Командантот на курдските вооружени сили пешмерга во мосулското подрачје Синџар, вчера изјави дека околу 500 припадници на језидското етничко малцинство кои биле членови на терористичката организација ПКК, го предале оружјето и им се придружиле, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Језидите што им се придружуваат на силите пешмерга ќе ја поминат обуката во воениот објект на мосулската брана. Првиот чекор е да бидеме сигурни дека сите припадници на језидската заедница го предале оружјето. Поради лишеноста од језидската милитантна поддршка, ќе биде полесно да се ослободи Синџар од терористичката организација“, изјави Касим Сесо за АА.
Сесо истакна дека оние што им се придружиле на пешмергите се чувствувале измамено од припадниците на терористичката организација ПКК.
Тој истакна дека ПКК инсистира да остане во Синџар, и покрај повиците на локалната Курдска регионална влада да го напуштат градот, и дека се очекува сите припадници на језидското малцинство за неколку недели да ја напуштат таа терористичка организација.
Од август 2014 година до ноември 2015, Синџар беше контролиран од припадниците на терористичката организација ДЕАШ, по што тој регион го ослободија курдските вооружени сили пешмерга од северниот дел на Ирак.
Кризата во Синџар ја искористија и припадниците на терористичката организација ПКК, кои од летото 2014 година дејствуваат во тој регион, во голем број новоотворени кампови на планината Синџар.