Seyit Aydoğan
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ОТАВА (АА) - Министерката за надворешни работи на Канада, Кристија Фриланд, истакна дека систематската опструкција во Обединетите нации (ОН) спречи сторителите на злосторствата во Сирија да одговараат за своите дејствија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката Фриланд, во нејзината писмена изјава во врска со тоа што Русија по осми пат стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН околу сириското прашање, вели дека навистина жалат за овој резултат.
„Канада навистина жали за ветото на Русија за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН. Ова е осмото вето на Русија за сириското прашање. Систематската опструкција во ОН ги игнорира страдањата на Сиријците и спречи сторителите на злосторствата во Сирија да одговараат за своите дејствија. Благодарни сме за соработката на Египет, Италија, Јапонија, Сенегал, Шведска, Украина, Уругвај, Франција, Обединетото Кралство, како и на САД, кои меѓу 15 членови на Советот за безбедност на ОН гласаа во корист за одлуката. Ние како Канада апелираме до Русија и до Иран, како поддржувачи на Асадовиот режим, да бидат заедно со меѓународната заедница, која го осудува користењето на нелегалните хемиски оружја“, истакна Фриланд.