Associated Press
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
ТОКИО (АА) – Во Токио денеска се одржува погребот на поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше убиен во обид за атентат што се случи во петокот на изборен митинг во градот Нара, јавува Агенција Анадолија (АА).
На погребот во храмот Зојоџи присуствува само потесното семејство и државните и партиските лидери, предводени од вдовицата Акие Абе и актуелен јапонски премиер Фумио Кишида.
Абе беше премиер со најдолг стаж во историјата на Јапонија и остана многу влијателен на политичката сцена во земјата дури и по пензионирањето пред две години. За тоа сведочат мирните поворки кои денеска собраа стотици луѓе да му оддадат почит во Токио.
Премиерот Фумио и другите присутни на погребот се молеа пред телото на Абе пред да биде однесено во крематориум со погребна кола.
Во сенка на атентатот на Абе, во неделата во Јапонија се одржаа парламентарни избори на кои беше избран половина од составот на Горниот дом на Парламентот, а владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) и нејзиниот коалициски партнер извојуваа голема победа.