Elena Teslova
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Русија денес го потврди првиот случај на мајмунска сипаница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Еден човек кој се вратил од патување низ Европа бил позитивен на вирусот, се вели во соопштението на руската агенција за супервизија за заштита на потрошувачите (Роспотребнадзор).
„Биоматеријалите, земени од пациентот, веднаш се испратени во институцијата Роспотребнадзор овластена да врши релевантни тестови. Според резултатите од студијата на биоматеријалите, потврдена е инфекција со мајмунска сипаница“, се наведува.
Пациентот имал благи симптоми без закана по животот.
Сите лица со кои контактирал биле навреме идентификувани и ставени под лекарски надзор.
„Поради навременото започнување на студијата за епидемија, можноста за натамошно ширење на инфекцијата е запрена. Ситуацијата е под строга контрола на Роспотребнадзор“, се вели во соопштението.
Според Светската здравствена организација, оваа година во светот се откриени над 6.000 потврдени случаи на мајмунски сипаници и регистрирани се три смртни случаи.
Од 27 јуни, кога беа објавени претходните „вести за појава на болеста“, регистрирани се 2.614 нови случаи - зголемување од 77 отсто, соопшти глобалната здравствена агенција.