свет

Јапонскиот премиер ја критикуваше одлуката на Трамп за воведување царини

Абе ја критикуваше одлуката на Трамп за воведувањето царина од 25 и 10 отсто на увоз на железо и алуминиум

Ali Cura  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Јапонскиот премиер ја критикуваше одлуката на Трамп за воведување царини Sefa Karacan/AA

Sankt Petersburg

САНКТ ПЕТЕРБУРГ(АА) - Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, во своето обраќање на 22. Меѓународен економски форум во Санкт Петербург (SPIEF) изрази жалење поради откажувањето на средбата меѓу американскиот претседател, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, планиран за 12 јуни во Сингапур, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој додаде дека двете земји треба да разговараат за уништувањето на хемиското оружје и оружјето за масовно уништување.

Абе ја критикуваше и одлуката на Трамп за воведувањето царина од 25 и 10 отсто на увоз на железо и алуминиум.

Тој додаде дека Јапонија не прифаќа ваква царина иако е сојузник на САД, истакнувајќи дека САД во однос на увозот на челик немаат друго решение освен Јапонија.

„Поради тоа ќе бидат оштетени американските потрошувачи кои ги користат јапонските производи“, рече Абе.

Да потсетиме, овогодишниот Меѓународен економски форум во Санкт Петербург оваа година се одржува од 24 до 26 мај.

На Економскиот форум учествуваат бројни претседатели на држави и влади, претставници на дипломатскиот кор, финансиската и академската елита и бизнис заедницата од целиот свет.

Главна тема на овогодишниот Меѓународен економски форум е „Градење економија на доверба“, во рамките на кои учесниците и гостите на Форумот од целиот свет ќе можат да дискутираат за најголемите предизвици со кои се соочува глобалната бизнис заедница денес, како и да се идентификуваат потенцијалите на економскиот раст.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın