Zeynep Tüfekçi
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
САНА (АА) - Од октомври минатата година во Јемен како резултат на зараза од дифтерија починаа најмалку 94 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од СЗО наведоа дека во 20 од 23 јеменски покраини се регистрирани 1.800 случаи во кои се сомнева на дифтерија. Истакнаа дека од епидемијата најтешко се погодени покраините на Иб и Ал-Худајда во централен и западен Јемен.
Дифтеријата, велат од СЗО, се шири на ист начин како и обичната настинка преку кивање, кашлање дури и преку вербална комуникација. Дифтеријата е болест на горните дишни патишта. Воглавно ги погодува децата, а може да предизвика и разорувачка епидемија доколку не се контролира.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Санa и неколку други важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен делува од пристанишниот град Аден.
Судирите во Јемен беа дополнително засилени во март 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините сојузници започнаа со воздушни напади врз позициите на бунтовниците. Оттогаш Хусите врз Саудиска Арабија имаат испалено 144 ракети.