Adem Şalvarcıoğlu
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Во светот од каснувања на змија годишно умираат најмалку 138.000 луѓе, додека секоја година 5,4 милиони луѓе го преживуваат каснувањето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во светот годишно каснувањето на змија го преживуваат најмалку 5,4 милиони луѓе.
Исто така се наведува дека на годишно ниво најмалку 138.000 луѓе умираат од каснување на отровница. Каснувањето на змија годишно остава околу 400.000 луѓе со трајни последици.
Податоците покажуваат дека половина од смртните случаи се случуваат на подрачјето на Индија.
Причината за високиот процент на смртни случаи во Индија е недостигот на итни интервенции и генерално лошите здравствени услуги во земјата.