Ahmet Furkan Mercan
27 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ТОКИО (АА) - Јапонија ќе обезбеди итна хуманитарна помош за Авганистан во вредност од 58 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на јапонската дипломатија, Мотеги Тошимицу, на прес-конференција истакна дека хуманитарната состојба во Авганистан се влошува поради што населението е принудено да мигрира, и дека Јапонија ќе продолжи да го поддржува авганистанскиот народ.
Мотеги рече дека во овие рамки во Авганистан ќе испратат итна хуманитарна помош во вредност од 58 милиони долари.
Според тоа, Јапонија преку меѓународните организации ќе испрати прехранбени производи и ќе обезбеди засолниште за раселениот авганистански народ.
Јапонскиот јавен дифузер „НХК“ соопшти дека тоа ќе биде првата помош која Јапонија ќе ја испрати во Авганистан по доаѓањето на талибанската администрација на власт.