Emre Aytekin
27 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
ТОКИО (АА) - Јапонската Влада одобри испраќање јапонска војска на Блискиот Исток за заштита на поморските транспортни рути, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Силите на јапонската морнарица ќе бидат ангажирани во Аденскиот Залив, а јапонската новинска агенција „Кјодо“ јавува дека на воениот брод „Таканами“ ќе има 260 јапонски морнари, и дека од воздух ќе ги придружуваат два извидувачки и воени авиони „П-3Ц Орион“, кои моментално се ангажирани на спречување на пиратските напади во Џибути.
Портпаролот на јапонската Влада, Суга Јасихиде, изјави дека одлуката на Владата е важечка и дека нема потреба од одобрување од Парламентот, бидејќи операцијата ќе биде исклучиво од извидувачки и разузнавачки карактер.
Министерот за одбрана на Јапонија, Таро Коно, изјави дека во тек се подготовките и дека јапонската морнарица веќе во февруари наредната година би требало да биде во Аденскиот Залив.
Причините за испраќање на јапонската морнарица во Аденскиот Залив се актуелните тензии кои се предизвикани со неодамнешните напади на транспортните бродови и танкери, и напнатите односи помеѓу Иран и САД.