Јапонија: Во стан пронајдени над 100 мртви мачки
- Полицијата влегла во куќата откако градскиот центар за заштита на животни добил пријава од пар во која се велело дека една од мачките за кои ја замолиле жената да се грижи е мртва, објави јавниот радиодифузен сервис НХК.

АНКАРА (АА) - Јапонската полиција пронашла повеќе од 100 мртви мачки во дом на жена што работела за група за заштита на животните, објавија локалните медиуми денес, пренесува Анадолу.
Групата „Анимал Асист Сенју“ потврди и се извини на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од куќата преполна со ѓубре во југозападниот град Кумамото, велејќи дека трагедијата ја сфаќа „многу сериозно“.
Полицијата влегла во куќата откако градскиот центар за заштита на животни добил пријава од пар во која се велело дека една од мачките за кои ја замолиле жената да се грижи е мртва, објави јавниот радиодифузен сервис НХК.
Групата соопшти дека жената ги прифаќала мачките од луѓето што биле принудени да се откажат од грижата за своите миленици.
Жената им рекла на полицајците дека не знае зошто се случило такво нешто.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.