Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ТОКИО (АА) - Наби Таџима, најстарата личност во светот, почина на 117 години во јужниот дел на Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на управата на градот Кикаи изјави дека Таџима била во болница од јануари и дека починала вчера.
Таџима, родена на 4 август 1900 стана најстарата личност во светот, откако Вајолет Браун од Јамајка, почина пред седум месеци.
Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во Соединетите Американски Држави (САД), соопшти дека во моментот најстаро лице на светот е Чијо Јошида, кое има 116 години.