Recep Şakar
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
МЕЛБУРН (АА) - Штетата од пожарот што минатата недела ја зафати државата Нов Јужен Велс во Австралија, а кој уништи 76 станбени објекти, се проценува на 20 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Од службата за следење на пожарите на Нов Јужен Велс наведуваат дека пожарот уништил 76 објекти, меѓу кои и 32 куќи.
Пожарот избувна поради рекордно високите температури во оваа област, кои за време на викендот достигнаа 45 степени Целзиусови.
Од службата соопштија дека досега е направена процена на штетите на 52.000 хектари од земјиштето.
Според податоците, вредноста на 32-те куќи кои се уништени во пожарот се проценува на 20 милиони долари.
Сепак, сѐ уште не е направена процена на целокупната штета, која ќе биде многу поголема.
Шумските пожари беснеат низ цела Австралија, а тие претставуваат најголемата опасност за руралните области.
Во пожарите што во 2009 година го зафатија подрачјето Викторија загинаа 173 луѓе, а беа повредени 414.
Поради пожарот на 400 различни подрачја тој викенд беше наречен „црна сабота“.