свет

Честата промена на Владата стана тренд во Италија

Во Италија, земјата во која често доаѓа до криза на владите, во последните десет години се сменети шест премиери

Barış Seçkin  | 21.08.2019 - Обновена : 22.08.2019
Честата промена на Владата стана тренд во Италија

РИМ (AA) - БАРИШ СЕЧКИМ -

Во Италија, земјата во која често доаѓа до криза на владите, во последните десет години се сменети шест премиери, пишува Anadolu Agency (AA).

По минатогодишните општи избори и процесот на преговарања што следуваше, коалициската Влада, формирана на 1 јуни 2018 година, на чело со премиерот Џузепе Конте, падна синоќа.

Коалициската Влада, која ја формираа Движењето Пет ѕвездички (M5S) и ултрадесничарската Лига партија, влезе во криза на почетокот на месецот, откако Лига побара предвремени избори, а падна откако Конте поднесе оставка.

Владата на чело со Конте траеше 15 месеци.

Во повеќето демократски земји оставките на премиер се сметаат за знак на политичка нестабилност, но во Италија тоа стана честа појава и може да се каже дека стана тренд во таа земја.

Имињата на премиерите, кои на чело на Владата беа во последните десет години, и нивното времетраење на мандатите се следни:

Џузепе Конте: 1 јуни 2018 - 20 август 2019 (15 месеци);

Паоло Џентилони: 12 декември 2016 - 1 јуни 2018 (неполни 18 месеци);

Матео Ренци: 22 февруари 2014 - 12 декември 2016 (34 месеци);

Енрико Лета: 28 април 2013 - 22 февруари 2014 (10 месеци);

Марио Монти: 16 ноември 2011 - 28 април 2013 (неполни 18 месеци);

Силвио Берлускони: 8 мај 2008 - 16 ноември 2011 (неполни 43 месеци).

Во последните десет години, функцијата премиер најдолго ја извршуваше Силвио Берлускони, кој победи на предвремените избори во 2008 година, а на таа позиција остана 43 месеци.

Односно, Берлускони бил премиер вкупно 3.339 дена, а како последица на економската криза во ноември 2011 година, на тоа место дојде професорот по економија, Марио Монти.

Функцијата премиер најкратко ја извршуваше Енрико Лета, чиј мандат траеше десет месеци.

Во земјата, во која промените на Владата станаа рутина, од шест премиери во последните десет години, само еден дошол на таа функција со победа на избори.

Кандидат за премиер на предвремените општи избори одржани во 2008 година беше Берлускони, кој оствари победа.

Берлускони поради економската криза во 2011 година беше приморан да ја напушти Владата, а ниту едно име по него не беше кандидат на изборите и на тој начин да дојде на таа функција.

Пет луѓе кои беа премиери по Берлускони, беа директно именувани од претседателите.

Кога станува збор за кризата која почна со барањето на коалицискиот партнер Лига за предвремени избори, а кулминираше со оставката на Конте, конците се наоѓаат во рацете на претседателот Серџо Матарела.

Матарела така или ќе именува седма Влада и премиер во последните десет години или во земјата ќе бидат распишани предвремени избори, втори од 2008 година.

Матарела денес ги почнува консултациите со претставниците на политичките партии за да утврди дали постојат шанси за составување нова Влада или ќе мора да свика нови избори.

M5S и Демократската партија (PD) веќе разговараат за формирање нова коалиција. Локалните медиуми укажуваат на можноста новата Влада да биде формирана со учество на други партии.

Со оглед на разликите, кои веќе подолга низа години постојат помеѓу M5S и Демократската партија (PD), извесно е дали ќе успеат да ги надминат и да формираат Влада.

Доколку преговорите не вродат со плод, нови избори би требало да се одржат кон крајот на октомври.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın