свет

Нови жртви на воздушните напади во Сирија, загинаа пет цивили

Од Цивилната заштита (Бели шлемови) наведуваат дека нападите се интензивирани од синоќа и дека меѓу петте загинати е и еден здравствен работник

Ekipa  | 21.08.2019 - Обновена : 22.08.2019
Нови жртви на воздушните напади во Сирија, загинаа пет цивили

ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади што врз населбите во зоната на деескалација на судирите во Идлиб ги извршија силите на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и руската авијација, загинаа пет, а ранети се најмалку десет цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Режимските сили и нивните сојузници продолжуваат да ги напаѓаат подрачјата Марет ал Нуман, Теманије, Бсиду, Морик, Тух и Тел Менис.

Од Цивилната заштита (Бели шлемови) наведоа дека нападите се интензивирани од синоќа и дека меѓу петте загинати е и еден здравствен работник. Бомбардирана е и болницата „Рахмет“.

Силите лојални на режимот на Асад, ги зазедоа сите региони, освен Идлиб, за кој во мировниот процес во Астана е договорен прекин на судирите, а Русија како земја гарант не ги спречи, туку во повеќе наврати со воздушни напади им помагаше на силите на Асад.

Мировниот процес во Астана се води меѓу режимските сили и силите на сириската опозиција и тоа со посредство на Русија и Иран, кои се гаранти на почитувањето на договорот од страна на режимот на Асад, и Турција, која дава гаранции дека опозицијата ќе ги почитува постигнатите договори.

Русија од почетокот на војната во Сирија е најголем сојузник на режимот на Асад, а на барање на Турција, кон крајот на 2016 година беше гарант за евакуација на цивилите во Алепо, кој во тој период беше под опсада на режимските сили.

Соработката на Турција и Русија резултираше со ставање крај на опсадата и евакуација на цивилите од Алепо, а така се роди и идејата дека таа соработка би можела да биде пресликана и во решавањето на комплетната сириска криза.

Делегациите на Турција и Русија во јануари 2017 година во главниот казахстански град Астана, денешен Нур Султан, договорија формат на мировниот процес што се водеше во тој град. Во процесот се приклучи и Иран.

Во мај 2017 година е постигнат договор и четирите средишта на најжестоките судири во Сирија се прогласени за деескалациони зони.

Така е постигнат договор за прекин на судирите во Идлиб и околните места, на северниот дел на Хомс, во Источна Гута кај Дамаск и јужните региони Дераја и Кунејтра.

Силите на режимот на Асад го злоупотребија прекинот на судирите и со продолжување на нападите го зазедоа поголемиот дел од тие региони, а Русија како гарант не се залагаше за почитување на договорот, туку со воздушните напади го поддржуваше напредувањето на режимската војска.

Така, режимските сили со помош на руската авијација под опсада ги ставија, а потоа со жестоки напади ги зазедоа Хомс, Источна Гута и јужната деескалациона зона. Цивилите од тие региони се евакуирани во Идлиб, чија популација надмина четири милиони.

За да ги спречи новите масакри во Идлиб, Турција иницираше нови преговори. Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, кон средината на септември минатата година во Сочи постигнаа додатен договор за јакнење на договорот за примирје во Идлиб.

И покрај тој договор, Русија продолжи да ги поддржува режимските сили на Асад во нападите на Идлиб. Досега поради нападите во тој регион се раселени речиси милион лица.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın