Şerife Çetin
21 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека таргетирањето на луѓето поради нивната религија или нивното верување е спротивно на меѓународното право и треба да се преземат превентивни мерки за борба против оваа состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Федерика Могерини, високата претставничка за надворешни и безбедносни политики на ЕУ, во пораката по повод денот на сеќавање на жртвите од насилство поради религијата и слободата на верување, нагласи: „Насилството врз луѓето поради нивната религија или какво било верување е спротивно на меѓународното право и треба да се води заедничка борба против него.“
Могерини, потсетувајќи дека минатата година се случиле многу трагични напади, рече дека законите на ЕУ забрануваат луѓето да бидат таргетирани поради нивната религија и верување.
Во овој контекст, Могерини рече дека државните институции треба да обезбедат слобода на религијата и верувањето, и истакна: „Треба да се преземат превентивни мерки во борбата против омразата, насилството и угнетувањето поради припадност на религија.“