свет

Сирија: Поради интензивните напади во Идлиб раселени речиси милион лица

Сириската интервентна група го состави извештајот за бројот на раселени во зоната Идлиб од 17 септември 2018 година, денот кога со посредство на Турција и Русија е потпишан договорот за Идлиб

Ekipa  | 21.08.2019 - Обновена : 22.08.2019
Сирија: Поради интензивните напади во Идлиб раселени речиси милион лица

ИДЛИБ (АА) - Како последица од нападите на припадниците од режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и руските сили врз зоната на деескалација на судирите во Идлиб, од 17 септември 2018 година се раселени најмалку 945.992 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Сириската интервентна група го состави извештајот за бројот на раселени во зоната Идлиб од 17 септември 2018 година, денот кога со посредство на Турција и Русија е потпишан договорот за Идлиб.

Се наведува дека од 2 февруари, во режимските и руските напади се погодени 11 бегалски кампови, 30 центри на Цивилната заштита, 66 здравствени установи, 106 училишта, 18 пазари, 71 џамија, две хидроцентрални, три електроцентрали и 16 пекарници.

Во нападитe, меѓу останатите, загинаа и пет хуманитарни работници, десет припадници на Цивилната заштита, 11 припадници на Брзата помош и четири медицински работници.

Директорот на Групата, Мухамед Халаџ, изјави дека Хан Шејкун е речиси празен.

„Околу десет отсто од населението мигрираше во Ериха, Серакиб и Марет ал Нуман. Доколку продолжат нападите кон овие подрачја, бројот на раселените би можел да достигне 1,5 милиони“, предупреди Халаџ.

Идлиб во март 2015 година помина под контрола на опозицијата. Воедно, тоа подрачје е едно од најчестите цели на режимските напади.

Турција, Русија и Иран на состанокот во Астана, одржан на почетокот на мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона на деескалација на судирите. Режимските сили често го кршеа примирјето, поради што Турција и Русија постигнаа додатен договор.

Сепак, режимските сили со помош на сојузниците, и покрај договорот од Сочи потпишан на 17 септември 2018 година, продолжуваат да извршуваат напади.

Претходно Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека во нападите кои припадниците на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и руските сили ги извршија врз деескалационата зона во Идлиб од 26 април до 19 август, загинале најмалку 843 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın