Ekipa
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) – Халид Забарка, адвокатот на приведениот Мухамед Муртеџа, вработен во Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Појасот Газа од страна на Израел, изјави: „Израелските власти во последните години прави притисок врз голем број на меѓународни организации кои имаат хуманитарни активности во Појасот Газа. Сега за цел ја имаат ТИКА”, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот Забарка говореше за АА во врска со неговиот клиент кој на 12 февруари беше приведен од страна на израелските сили на граничниот премин Бејт Ханун, негирајќи ги сите обвинувања од страна на израелската внатрешна разузнавачка единица Шин-Бет.
Забарка изјави дека тврдењата на Шин-Бет дека Муртеџа им помагал на бригадите на Изетин ел-Касам, кои се воено крило на Хамас не ја прикажуваат вистината и додаде: „Работата на Муртеџа е поврзана само со проекти поврзани со хуманитарна помош. Тоа не е помош насочена кон оваа или онаа група. Тоа се активности насочени само кон оние на кои им е потребна, ништо друго”.
Адвокато Забарка потсети дека на Муртеџа веќе 19 дена не му се дозволува да се сретне со својот адвокат, додавајќи дека во изминатиот период, Муртеџа е жртва на многу напорно воено испитување, што е доказ за тешки услови под кои Муртеџа ги минува деновите во притвор.
Адвокатот Забарка е уверен дека обвинението кон неговиот клиент содржи измислени приказни и рече: „Обвинението е потребно да се разгледа по законски пат. За да се направи тоа, потребно е врз Муртеџа да се прекине секаков вид на притисок и да му се овозможат сите права за да може да се брани себеси”.
Адвокатот Забарка истакна дека обвинението на Муртеџа е подготвено во четвртокот минатата недела, но поради забрана за објавување, тоа денеска е објавено. Забарка верува дека Израел, обвинувањата против Муртеџа ги користи како средство за притисок врз турските власти.
Забарка соопшти дека следното рочиште на Муртеџа е закажано за 30 март и по рагледувањето на сите детали околу обвинувањето врз неговиот клиент, ќе бидат дадени соодветни одговори.
- Неверојатни обвинувања од Израел кон вработен на ТИКА -
Мухамед Муртеџа има палестинско потекло, е вработен во Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Појасот Газа, надлежен за активностите околу хуманитарната криза во Газа и давањето помош.
ТИКА дава хуманитарната помош за загрозените во најголемата светска драма што во моментов се случува во Појасот Газа, но израелската разузнавачка служба Шин-Бет го обвинува Муртеџа дека помошта ја давал на семејствата и на членовите на „Бригадите Изетин ел-Касам“.
Во писменото соопштение, Муртеџа се обвинува дека тоа го направил во „преговори“ со заменик-претседателот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Хеније, и се додава: „Врз основа на тоа дека им е потребна помош, Муртеџа овозможи да им се даде материјална помош и пари на членовите на ‘Бригадите Изетин Касам’ и на нивните семејства“.
Израелкото разузнавање не успеа да даде објаснување како хуманитарната помош што им се дава на загрозените палестински семејства се користи за воените крила.
Во соопштението на израелската разузнавачка служба се истакнува дека Муртеџа е вработен во ТИКА, која е поврзана со турската Влада. Во продолжението на изјавата на Шин-Бет се вели: „Залажувајќи ја ТИКА, помошта што е испратена како дел од еден важен хуманитарен проект, Муртеџа ја дал на военото крило на Хамас“.
Шин-Бет во својата писмено соопштение ја обвинува и Фондацијата за хуманитарна помош ИХХ. Израелската служба за внатрешно разузнавање Шин-Бет обвинува дека претставникот на ИХХ за Газа, Мехмет Каја, вршел трансфер на пари за лидерите на Хамас, како што се Хеније и Раид Сааб. Во изјавата се вели дека оваа помош била дадена со цел изградба на објект за обука на поморските сили на Хамас.
- Притисоци од Израел врз хуманитерните организации -
Израел од 2006 година го држи под окупација Појасот Газа и постојано прави притисоци врз меѓународните организации што даваат хуманитарна помош во подрачјето, обвинувајќи ги дека му помагаат на Хамас.
Израелските власти и во август минатата година, под обвинение дека му помага на Хамас, го приведоа и му судеа на Палестинецот Вахид Абдула ел-Бурш, вработен во Обединетите нации во Газа.
Овие притисоци се прават и врз израелските невладини организации. Поради направените видеоснимки на кои се забележуваат прекршувања од страна на војската на Западниот Брег којшто е под окупација, невладината организација „Бецелем“ беше обвинета за велепредавство.
Покрај тоа, со законот што Израел го донесе во изминатите недели, во државата им се забранува влез на активистите. кои повикуваат на бојкот против изградените еврејски населби во Израел или на окупираната палестинска земја.
Муртеџа на 12 февруари годинава беше приведен од страна на Израел. Тој е женет и татко на 4 деца, а вработен е во ТИКА од 2012 година.