Büşra Selvi Öğütcen
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
СЕУЛ (АА) - Новото тестирање на ракета од страна на Северна Кореја денес заврши неуспешно, соопштија американските и јужнокорејски официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новото тестирање е изведено само неколку дена откако Северна Кореја тестираше нова генерација на ракетен мотор кој тие го нарекува „револуционерно откритие“.
Американската команда за Пацификот соопшти дека ракетата експлодирала неколку секунди по лансирањето.
Претставници на Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопштија дека тестирањето изведено од градот на брегот на Вонсан, во Северна Кореја било неуспешно.
Се истакнува дека во тек е истрагата за кој вид ракета станува збор.
Да потсетиме, севернокорејската новинска агенција (KCNA) во текот на викендот јави дека лансирањето на моторниот погон за ракети е изведено во базата Сохае, а на тој чин присуствуваше и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
„Ова е историски настан и во историјата ќе биде запишан како револуција од 18.март. Целиот свет наскоро ќе се увери во важноста на новото откритие“, порача тогаш Ким Џонг-ун во изјава која ја пренесе КЦНА.
Пјонгјанг во последните месеци изведе серија тестирања на ракети, вклучувајќи ја и ракетата со среден досег која беше лансирана во февруари. Исто така минатата година спроведе и две нуклеарни тестирања кои меѓународната заедница остро ги осуди.