Yusuf Özcan
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, е заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Елисејската палата.
Во соопштението се нагласува дека Макрон имал симптоми на Ковид-19, при што направил ПЦР тест.
Според соопштението, резултатот на ПЦР тестот на Макрон е позивитен.
Се истакнува дека Макрон ќе се самоизолира седум дена, и дека ќе продолжи да работи и да ги извршува своите активности од изолација.