Emre Gürkan Abay
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
МОСКВА
Судот во рускиот главен град Москва изрече парична казна од 3 милиони рубљи за„ Гугл" (Google) поради административно прекршување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тужбата е поднесена од страна на руската Федерална служба за надзор на комуникации, информатички технологии и масовни медиуми, додека рочиштето се одржа во Судот Тагнаскиј во Москва.
Судот донесе одлука дека „Гугл" не го почитувал законодавството поради што интернет страниците кои се забранети во Русија, се појавуваат во резултатите на пребарувачот на „Гугл", при што судот на „Гугл" му изрече парична казна од 3 милиони рубљи (околу 42.000 долари).
Исто така, „Гугл" и порано доби парични казни од 500.000 и 700.000 рубљи во Русија.