Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ДЕИР ЕЗ ЗОР (AA) - МУХАМЕД МИСТО -
Француските археолози кои се забележани на териториите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК, ги конфискуваат пронајдените остатоци или историските артефакти што ќе ги пронајдат за време на ископувањата што тајно ги спроведуваат во покраината Деир ез Зор во источна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, француските археолози вршат ископувања во античкиот град Дур Катилно, познат како ридот Шеик Хамад, сместен во близина на појасот Источен Гарибе, во североисточниот дел на Деир ез Зор.
Во ископувањата кои започнаа во почетокот на годинава, во моментот се вклучени најмалку 10 француски археолози и експерти.
Активностите генерално се прикриени и се спроведуваат во вечерните часови, под заштита на терористите на ЈПГ/ПКК.
Локалните извори наведуваат дека Французите ги конфискувале пронајдените остатоци или историските артефакти што ги извлекле од античкиот град и ги пренеле на подрачјето на нафтеното поле Омер, каде што има француски и американски војници.
Локалитетот датира од средната асирска доба, меѓу 14. и 10 век пред новата ера.
На подрачјето кое е окупирано од терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија, се наоѓаат околу 200 француски војници.