Islam Doğru
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 916 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 139.189 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа потврдени се 68.449 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 3.548.546.
Што се однесува до најголемиот број на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.933.655 откриени случаи, Индија со 941.630 откриени случаи, и Русија со 746.369 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Флорида.
Во Њујорк откриени се 429.278 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус досега починаа 32.462 лица.
Во САД досега се направени над 44 милиони и 50 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 600 илјади.