Zylfije Adem Jakupi
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ПРИШТИНА (АА) - Здравствените власти на Косово соопштија дека уште три лица починале како последица на вирусот Ковид-19, со што бројот на смртни случаи од овој вирус се зголеми на 112, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Врз основа на најновите податоци од Националниот институт за јавно здравје на Косово, во изминатите 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија тестирани биле вкупно 420 примероци, од кои кај 119 е потврден коронавирусот. Новите позитивни случаи се од различни косовски општини, од кои најголем број од општина Приштина.
Вкупниот број на досега заразени со коронавирусот е 5.237. Од 8 февруари до денес тестирани се вкупно 29.060 примероци сомнителни на коронавирусот.
Што се однесува до бројот на оздравени, последниот извештај покажува дека се излекувале уште 92 лица, додека вкупниот број на излекувани од почетокот на епидемијата е 2.462. Во моментов има 2.663 активни случаи на вирусот.