Abdula Berisha
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
СКОПЈЕ
Државната изборна комисија (ДИК) на Република Северна Македонија соопшти дека до 17 часот своето право на глас на предвремените парламнетарни избори го искористиле 703.597 граѓани, односно 38,78 отсто од вкупниот број гласачи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, рече дека во овие бројки се опфатени обработени податоци од 3.459 гласачки места од вкупно 3.480 во целата територија на земјата.
Понатаму, Деркоски рече дека од излезноста на гласачите во изборната единица 1 е 41,07 проценти, во изборната единица 2 е 36,98 проценти, во изборната единица 3 е 43,87 проценти, во изборната единица 4 е 43,99 проценти, во изборната единица 5 е 38,22 проценти, а во изборната единица 6 е 29,60 проценти.
Според претседателот на ДИК, процесот на гласање се одвива во најдобар ред, со неколку мали инциденти, додавајќи дека сите проблеми што се појавуваат во текот на денот на изборите се решаваат.
„Сметам дека со оглед на целата ситуацијата, излезноста е навистина задоволителна и очекувам дека до крајот на изборниот ден, граѓаните да го остварат своето гласачко право“, рече Деркоски.
На денешната прва прес конференција на ДИК, портпролот Адмир Шабани истакна дека сите гласачки места утрово се отворени навреме во 7:00 часот и процесот се одвива непрекинато, а гласањето ќе трае до 21:00 часот.
Според Избирачкиот список на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.814 263 граѓани.
На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваат 15 коалиции и политички партии со 1.560 кандидати.
По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.