Admir Fazlagic
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последите 24 часа се регистрирани 198 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.530, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата се искачи на 393.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица. Со ова, бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 4.565.
Во моментов, бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.572.
Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се1.382 теста за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања.