Şenhan Bolelli
15 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
МАДРИД (АА) - ШЕНХАН БОЛЕЛИ -
Големата џамија во Кордоба, престолнината на умајадскиот калифат во Шпанија е едно од најпознатите исламски знаменитости од тој период кои денес се користат во различни цели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Големата џамија во Кордоба, градена од 785. до 987 година, беше најголема џамија во Шпанија и величествен пример на мавританската архитектура, а веќе со години е отворена само за верски обреди на католиците.
Откако турскиот суд ја поништи одлуката од 1934 година минатата недела да ја претвори џамијата „Аја Софија“ во Истанбул во музеј, дозволувајќи повторно да биде џамија, како што беше со векови во својата историја, следуваа критики од некои кругови во странство, но бројни извори ја наведуваат Големата џамија во Кордоба како контрааргумент.
Големата џамија во Кордоба едно време беше дури и најголема џамија во светот, а во 1236 година, откако Кордоба повторно ја освоија христијанските сили на кралот Фердинанд III од Кастиња, џамијата беше претворена во христијанска црква, а до 16 век во катедрала. Поголемиот дел од минарињата на Големата џамија се срушени и на неа е изградена црковна камбанарија.
Оваа важна знаменитост, која УНЕСКО во 1984 година ја смести на Листата на светското културно наследство и ја означи како Џамија-катедрала во Кордоба, има статус на споменик и се користи како туристичко место, а од друга страна, во одредени денови во црквениот дел е отворена само за верските обреди на католиците.
Иако муслиманската заедница во Шпанија повремено упатуваше барања за отворање на Големата џамија за извршување на муслимански верски обреди, сѐ уште не добила никаков одговор.
Денес таа е главната катедрала на Шпанската надбискупија на Кордоба, односно на листата на храмови на Ватикан, во која за обредите се одговорни двајца свештеници.
Покрај тоа, сегашната џамија-катедрала во Кордоба, заедно со „Алхамбра“ во Гранада, палатата на последните муслимански владетели на Шпанија - мавританскиот Насриди, е една од најпопуларните туристички дестинации во таа земја.
Џамијата „Алхамбра“, изградена во 1308 година, претворена е во црква во 1492 година, кога тоа подрачје го освоија христијаните и сѐ до денес се користи само за католички верски обреди.
Исто така, поголемиот дел од џамијата „Ал Мирабитун“, изградена во периодот од 8. до 10 век и некогаш една од најстарите џамии во Гранада, е срушен во 16 век, а на нејзино место е изградена црква на Свети Јосип. Минарето на џамијата е претворено во црквена камбанарија.
На подрачјето каде што денес се наоѓа Богородичната катедрала во Севилја, позната како најголема катедрала во светот, која е отворена во 1182 година, а срушена е во 1433 година откако тоа подрачје го зазедоа христијаните, се наоѓаат остатоци од Алмохадската династија.
Џамијата „Баб ал Мардум“, изградена во 999 година во градот Толедо, е претворена во црква во 1085 година. Моментално се користи како споменик отворен за туристички посети.
Џамијата „Торнеирас“, изградена во 11 век во истиот град, денес се користи како Фондација за промоција на ракотворби.
Во Шпанија постојат многу вакви и слични примери, каде што некогашните џамии или исламските знаменитости моментално се користат во различни цели.