Ekipa
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Сомалија, Мухамед Абдулахи Мухамед Фармааџо, упати поздрав до турскиот народ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод 15 јули - Ден на демократијата и национално единство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За нашата братска Република Турција и претседателот Ердоган, во име на нашиот народ и во мое име, ви се придружуваме во молитвите и сеќавањето на несебичноста на вашите маченици, и длабоката решителност на вашите храбри граѓани за заштита на вашата Република“, напиша сомалискиот претседател на својот Твитер профил.
Турција на 15 јули оваа година ја одбележува 4. годишнина на неуспешниот обид за државен удар на 15 јули во 2016 година во земјата, во кој беа убиени 251 лица, додека повредени беа околу 2.200 лица.