Islam Doğru
15 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
ЊУЈОРК
Американскиот весник „Вашингтон пост“ (Washington Post) објави оглас по повод четвртата годишнина од обидот за државен удар кој во Турција го изведе терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Огласот на целата страница на весникот е објавен на иницијатива на Турско-американскиот совет (TASC) и во него се наведени имињата на сите 251 шехид кои ги дадоа животите во текот на предавничкиот обид за државен удар во Турција.
Нагласувајќи го фактот дека со обидот за државен удар, ФЕТО сакала да ја собори демократијата и уставниот поредок во Турција, во огласот се повикуваат властите на САД на турските власти да им го испорачаат водачот на терористите на ФЕТО, Фетула Ѓулен и неговите соучесници во обидот за пучот.
„Фетула Ѓулен и членовите на неговата организација, кои се инфилтрирале во турската војска и ги сквернавеа вредностите на НАТО, на денешен ден вперија оружје во народот и се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во Турција“, се наведува во текстот.
Потсетувајќи дека во текот на обидот за државен удар во Турција бомбардирана е и зградата на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), во огласот, исто така, се наведува дека одложувањето на правдата претставува отфрлање на правдата.