Adam Abu-bashal
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
АБУЏА
Во сообраќајна несреќа загинаа 7 полицајци, кои биле испратени да помогнат во борбата со вооружените банди во нигериската федеративна држава Катсина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нигериските полициски сили на социјалната мрежа Твитер објавија дека возилото со кое полицајците биле испратени да помогнат во борбата со вооружените банди во федералната држава Катсина, направиле сообраќајка на патот Кадуна - Зариа.
Во објавата на социјалната мрежа се наведува: „Во несреќата животот го загубија 7 полицајци, а 11 се ранети.“
Претставници на власта информираа дека ранетите полицајци се префрлени во болница и изразија загриженост од можноста за зголемување на бројката на починати.